Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 7. август 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 07.08.2017 година
– Традиционална крводарителска акција на Црвен крст – Охрид
– Македонија во портокалова фаза, да се следат препораките од Министеството за здравство
– Охрид викендов полн со гости, старите проблеми остануваат
– Проблеми со водоснабдувањето на кеј „Македонија“ и улицата „Јане Сандански“
– Литургии во чест на „Св. Петка“ и „Св. Климент Охридски“
– Утре бесплатни здравствено-превентивни прегледи на Градскиот плоштад
– Од МЈП „Проаква“ реагираат на нерегуларностите и злоупотребите во водоснабдувањето