Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 08.02.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 08.02.2017 година
– Денеска попладне во Tino’s Pub&Bar се одржува хуманитарна забава за помош на Трајан Целески – Тачо.
– Хидролозите се надеваат на дополнително покачување на нивото на Охридското Езеро со новите врнежи.
– Од албанска страна водата во Охридското Езеро е повлечена за околу 40 метри.
– Награди и признанија за охридски готвачи на Меѓународен кулинарски натпревар во Турција.
– Оштетени просториите на охридската пожарна станица.
– Сојузот на спортови на град Охрид ги додели наградите на најдобрите спортисти за минатата 2016 година, Нина Балабан избрана за спортист на годината.
– Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец – Охрид, го најави Техничкиот семинар со проф. Ким Унг Чол, кој ќе го организира викендов.
– Во Охрид свечено отворен Home Center на компанијата „Атва“.