Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 9. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 09.11.2017 година
– Супер радио во чест на роденденот со акција за помош на охридските компании
– Предавање за безбедноста во сообраќајот за најмладите во Пештани
– Сообраќајка кај Хидробиолошки завод, еден од учесниците го напуштил местото
– Оваа сабота ќе биде работна за основците и средношколците
– Свечености по повод годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада и патронатот на ОУ „Дебрца”
– Јавна расправа по предлог-стратегијата за култура ќе се одржи и во Охрид
– Конференција за размена на искуства и саем за вработување утре во Охрид