мај 8, 2023

Скопје, 8. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година нема сончање и капење на државна сметка, откако во 2020 и 2021 година, Владата им овозможи на лицата со ниски примања да може да минат барем една недела во некој од домашните туристички центри.

Ваквата помош беше добредојдена и за хотелиерите. На пример во 2020 година, беа искористени над 60 илјади ваучери, а околу пет милиони евра им легнаа на сметките на домашните сместувачи, јави Слободен печат.

Најпосакувани домашни дестинации за летување беа Охрид и Струга, па Дојран и Преспа, а една четвртина од ваучерите завршија во хотелите во Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер. Од Министерството за економија за Слободен печат, информираат дека годинава во активностите на Секторот за туризам не е предвидено издавање на Ваучери за туризам.

Од ресорот, сепак не ја затвораат целосно „вратата“ за оваа акција и додаваат дека со оглед на големиот интерес и на хотелиерите и на лицата со ниски примања, тие доставиле иницијатива до Владата со барање на средства за оваа намена. (Крај)

извор: Слободен печат фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука