декември 25, 2019

Охрид, 25. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, најпознатиот туристички центар во државава засилено се подготува за највеселата ноќ во годината.

Локалната самоуправа акцентот ќе го стави на Нова година, кога ќе имаме организиран дочек со Ѓоко Танески, групата Камелеон и Ефто Пупиновски, но и на забавната програма која ќе се одвива на малата бина, која ќе се постави на потегот пред Центарот за култура „Григор Прличев“, веднаш до лизгалиштето кое деновиве треба да започне со работа.

Се уредува лизгалиште на мраз во Охрид (Фото)

Хотелиерите од своја страна подготвуваат сопствена шаренолика програма, а според најавите и исполнетоста за празниците треба да биде одлична. Голем дел од естрадата ќе биде токму во Охрид за нова година, а дел од угостителско-хотелските работници подготуваат и сериозна музичка и гастрономска понуда.

Според првичните најави од метеоролозите, за дочекот на Нова година ќе имаме променливо облачно време со релативно ниски температури и можност за локални врнежи од дожд и снег на повисоките места.

Пред Охрид е уште еден празничен „маратон“, кој ќе биде вистински показател, каква туристичка сезона 2020-та не очекува. Според најавите, ќе имаме уште една успешна сезона пред на. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука