мај 1, 2024

Охрид, 1. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Први Мај, Меѓународниот ден на трудот, кој се прославува во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.

Иако денеска важи за најголемиот туристички центар во државата, своевремено во Охрид, покрај угостителскиот дел, успешно работеа и вистински економски гиганти како ЕМО, Отекс, Братство, Лихнида и многу други…

На денот на трудот и работниците погледнете едно прекрасно видео од далечната 1984 година, на кое покрај останатите убавини од тоа време, може да се видат и најголемите фабрики во тоа време, дел од работниот процес, но и комплетната големина и грандиозност на тие комплекси.

Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива видео: Zoroski Gjoko

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука