јануари 4, 2023

Охрид, 4. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија е објавена фотографија од Охрид, која според авторите датира од далечната 1913 година.

Ниски куќи, многу зеленило и дрвја, Студенчишкото блато зелено и во полна големина…

Ова се дел од она што може да се види на фотографијата, која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време.

Неофицијално, фотографијата е дел од проектот на Алберт Кан кој го потрошил целото свое богатство да остави визуелен запис на светот кој според него пропаѓал. Браќата Лимиер специјално за него ги изработуваат првите колор фотоапарати. Во неговата Архива на планетата Македонија има свое место со околу 250 фотографии, кои се дело на фотографот Огист Леон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Патувања низ Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука