Охрид пред Нова година – прослави, полни капацитети, богата програма и убаво време

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ако гледаме според најавите на хотелиерите и локалната самоуправа, Охрид оваа година ќе има забележителна и богата прослава на Новата 2018-та година.

Прославите на фирмите по рестораните и хотелите се во полн ек, скоро до последно место се исполнети капацитетите на хотелите, градот понуди богата програма за празниците и посебен проект за привлекување и задржување на туристите за време на празниците „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Програмата започнува денес со забава за најмладите на Градскиот плоштад, трката на Дедомразовците која се одржува по прв пат, а за вечерва се најавува настап на познати Dj-и, ѕвезди од Талент шоуто OhridSUPERSTAR, Жанко ЗШ Голабоски, Мартин Мила и многу други…

Сето ова во комбинација со убавото време кое го најавуваат метеоролозите се гаранција за уште еден незаборавен дочек на Нова година во Охрид, најголемиот туристички центар во државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top