мај 22, 2021

Охрид, 22. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот, празничен викенд солидно го исполни со гости Охрид, нашиот најголем туристички центар.

Хотелите, приватното сместување, кафе баровите и рестораните се делумно исполнети, и во нив генерално се почитуваат мерките пропишани од Владата на Република Македонија за заштита од COVID-19. Најголем број гости сепак се во приватните станови, а регистрациите од Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и останатите поголеми градови во државата се најчестите кои можат да се видат на паркинзите во градот.

Она што исто така може да се забележи е само делумното почитување на мерките за носење на лична заштитна опрема. Ова е „потпомогнато“ и од намалените бројки на новозаболени лица, што придонесува за недозволиво опуштање кај граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука