јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот А.И. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители“.

Пријавениот во својство на управител на правно лице, знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, со намера да оштети доверители, со измамничко дејствие оштетил доверители на начин што при водење стечајна постапка не приложувал документација за начинот како е располагано со наведеното правно лице, односно истиот како физичко лице ги отуѓил материјалите и стоката со кои располагало правното лице, со што противправно се стекнал со поголем износ на пари, а со истото му наштетил на еден доверител во износ од 3.574.107 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука