октомври 24, 2014

Охрид, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Ф. од Охрид.

Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11-ти овој месец околу 03:00 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот.

Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука