септември 25, 2021

Охрид, 25. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

Охриѓани ќе можат да се попишат во зградата на Општина Охрид, додека стружани во објектот на Народна одбрана.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноствано не бил воспоставен контакт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ДЗС

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука