февруари 6, 2015

Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Весна Коцевска на 9-та Национална конференција на „Авон Македонија“ беше наградена за нејзините менаџерски достигнувања од областа на маркетингот во компанијата.

Весна Коцевска се закити со наградата јуниор менаџер, заедно со уште 10-на менаџерки од цела Македонија. Коцевска е локален јуниор менаџер за продажба на производите на компанијата во Охрид. Благодарение на заложбите на Коцевска, производите од „Авон“ им се подостапни на охриѓанки.

vesnaavon2

На свеченоста, која се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, беа доделени и награди и во други категории, како Национални менаџери за продажба, за златни достигнувања, за бизнис развој…

Годинешното мото на „Сега е твојот момент. Насмевни се, уживај и прослави“. Оваа компанија се приклучи и во помошта за граѓаните од поплавените региони во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: AvonMak

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука