Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци ги оштетија клупите кај малиот плоштад до Мини маркет.
Читатели на OhridPress ни испратија фотографии на кои се гледа дека голем дел од клупите се оштетени, а во моментов не работи и фонтаната.
Одговорните се на потег да ги санираат овие помали оштетувања, за да биде подготвен и овој дел од градот за престојните Новогодишни празници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес