ноември 22, 2019

Охрид, 22. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Филмската академија во Охрид, денес се одржа панел дискусијата „Ајде да зборуваме за видливото и невидливото насилство кај младите“.

– На панел дискусијата зедоа учество доц. д-р Калина Сотироска Иваноска, лиценциран психолог и декан на факултетот за општествени науки на Меѓународниот универзитет Визион , Ангелина Соколовиќ, психолог во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и гешталт психотерапевт, Алберта Гулицоска, психолог во ОСУ „Св. Климент Охридски“ и претставник од СВР Охрид заменик командир Оливер Неделкоски. На настанот присуствуваа учениците од средните училишта во Охрид. Активно се дискутираше за насилството помеѓу врсниците, дека е несакано и агресивно однесување кај децата на училишна возраст, што се базира на реална или воочена нерамнотежа на моќ. Ваквото однесување се повторува со текот на времето, а децата кои се малтретирани и оние кои малтретираат најчесто имаат сериозни и трајни проблеми. Се истакна значењето на психолозите, кои своите вештини и психотерапевтската подготвеност ќе им помогнат на младите да се соочат со насилството за кое многу тешко се зборува од страв од маргинализација и отфрлање од заедницата и семејството, за што е неопходно да се преземе иницијатива додека е рано, за да се развие едно стабилно и здраво општество, информираат организаторите.

Image may contain: 2 people, people standing and indoor

Оваа акција е по повод Деновите на психологијата 2019 Национална платформа на Комората на психолози на Република Македонија за унапредување на Менталното Здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука