февруари 10, 2015

Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младата охриѓанка Ана Томовска е меѓу избраните автори деца, која ќе биде застапена со свои детски творби во Збирката Македонска поезија од деца за деца, која ќе биде објавена во Битола.

Ана Томовска ќе биде застапена со нејзините творби „Пчеличка“ и „Штурчиња“.

Збирката е со наслов „Весела дружина“, а ќе биде зборник на дела на 60-на ученици од основните училишта од цела Македонија, но и деца автори од Србија. Изданието ќе го објави Здружението за наука и култура НОВА од Битола.

Во Зборникот „Симфонија на срцето“, кој минатата година исто така излезе во издание на здружението НОВА, меѓу 70-те автори од цела Македонија и соседните земји, беа застапени 5 автори кои живеат и работат во Охрид: Зорица Илиеска, Жаклина Ристоска, Маја Мојсова, Наташа Митреска и Томчо Алексоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука