мај 26, 2021

Нови Сад, 26. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Три песни од неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во српските учебници за основно образование, објавија медиумите во Србија.

Професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад изјави дека Балашевиќ е важен затоа што е разновиден. Такви се, како што објасни, и трите песни што влегуваат во учебниците: „Девојка са чардаш ногама“ – весела, оптимистичка песна, потоа „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон

Според професорката Лучиќ, овие песни не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.

– Затоа, тие песни се прекрасна основа за наставниците да ги анализираат заедно со учениците, да наоѓаат стилски фигури, скриено значење и оние пренесени значења, вели наставничката. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука