февруари 18, 2022

Скопје, 18. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сите бевме затекнати од пандемијата. Се трудевме да се органзииравме. Секако можеше и подобро. Можевме да имаме 2000 жртви помалку ако сите бевме вакцинирани. Направивме пропусти како држава, систем и здравство и ова е заслуга на сите нас, изјави за Студио 10 претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Големата смртност од COVID-19 се должи на запоставено здравје. Причината тој не ја гледа во непочитувањето протоколите.

– Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, изјави Петличковски.

Тој потенцираше дека има други земји со пониски бројки, но според него таму има поразлична здравствена култура од нашата.

– Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравствена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна Петличковски. (Крај)

извор: ТВ24 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука