август 5, 2024

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен, двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Акцијата за елиминирање на пожарите продолжува со максимална посветеност и денеска заедно со двата хелихоптери, кои од утрово повторно оперираат од воздух. Упатувам јавно признание до сите вклучени во оваа неколкудневна акција. Нивниот ангажман е од непроценлива важност за заштита на заедницата и природата. Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат навремено информирани за состојбата на терен, потенцира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука