февруари 22, 2015

Рим, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Играчот за врска на Јувентус Андреа Пирло изјави дека сака да освои барем уште една титула во Лигата на шампионите, пред да се пензионира.

Пирло има 35 години, но и понатаму е еден од најдобрите играчи за врска во Европа, и клучен фудбалер на шампионот на Италија.

– Во Јуве дојдов за да освојувам трофеи, тоа и го остваривме. Сега мора да направиме уште еден исчекор и би сакал да освојам барем уште една титула во Лигата на шампионите пред да ја завршам кариерата, изјави Пирло.

Првата пречка кон остварувањето на неговата желба е Борусија Дортмунд, која во вторник гостува кај „Старата дама“ во натпревар од 1/8 финалето на ЛШ.

Иако има 35 години, тој вели дека не се чувствува како да е на крајот на кариерата:

– Јас не сум никаков Маестро, јас сум уште ученик. Во животот секогаш може да научите нешто ново, изјави скромно Пирло.

Јувентус во моментов има десет бодови повеќе од Рома, која има и натпревар помалку и е сосема блиску до четвртата последователна титула во Серија А. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука