јануари 24, 2015

Мајами, 16. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Раперот Пит Бул го доби клучот на градот Мајами.

Тој му беше врачен лично од градоначалникот Томас Регаладо, кој му се заблагодари на изведувачот за неговата работа и се` што сторил за градот. Регалдо дури го нарече Армандо Перес, како што е вистинското име на изведувачот, „инспирација за идните генерации“.

Покрај престижното признание, Пит Бул доби и медал за амбасадор на уметностите на Флорида. (Крај)

извор: Stars фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука