Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски кој постигна голем успех на Меѓународниот натпревар по роботика „Балкан Јуниор 2024“, освојувајќи го првото место, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование Димитар Спасески.
На средбата присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески.
– Учениците ги искажаа своите впечатоци од самиот натпревар, а го запознаа градоначалникот со карактеристиките и учесниците на овој натпревар како и неговиот тек. Беше истакнато значењето на овој натпревар како уште еден начин за промоција на нашиот град и држава. Беа истакнати позитивните искуства кои нашиот центар ги има добиено како резултат на учествата на овие натпревари кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на стручното образование, информираат од училиштето, заблагодарувајќи се на градоначалникот и локалната самоуправа за дадената поддршка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива