септември 2, 2024

Велешта, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2024 година, во 13:35 часот во Полициската станица Велешта било пријавено дека настанал пожар на три авто плацеви во струшкото село Велешта.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека на авто плац, во сопственост на 59-годишно лице од селото Велешта биле опожарени осум патнички возила во возна состојба и 20 неисправни возила, на плац во сопственост на 39-годишно лице од Велешта биле опожарени околу 80 исправни и неисправни возила, додека во авто плац сопственост на 51-годишно лице од Велешта биле опожарени пет возила во возна состојба и еден четирицикл. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид, а повредени лица нема. Соодветните институции извршија увид на лице место, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука