март 4, 2015

Струга, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга продолжуваат активностите во рамките на настанот Денови на младинско вмрежување.

Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан.

Пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса policy@mof.org.mk.

Номинациите треба да пристигнат најдоцна до утре.

Деновите на вмрежување се дводневни настани, кои вклучуваат сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младински совети.

Додека настанот, на кој ќе се презентираат активностите во Општина Струга, ќе се одржи во петок, со почеток во 12 часот, во канцеларијата на ЗРА АКВА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука