јануари 28, 2015

Приштина, 28. 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 80 лица се повредени во Косово во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Денес ситуацијата е мирна по демонстрациите за време на кои дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Биле приведени околу 100 лица, а повредени се 29 демонстранти и 56 полицајци, јавуваат косовските медиуми.

Директорот на косовската полиција Шпенд Маѕуни, изјавил дека протестите станале насилни кога одредени радикални групи се приклучиле на мирните протести. (Крај)

извор: ОхридПрес/Б92 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука