февруари 25, 2022

Охрид, 25. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно се бележи раст на водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,40 м.н.в, што е за 9 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 30 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 6,5 степени и е во рамки на месечниот просек.

Нема опис за фотографијата.

Деновиве може да се забележи дека скоро и да го нема сувиот дел на почетокот на мостот пред поранешниот хотел „Палас“. Но, сепак нивото и понатаму е далеку од месечниот просек.

Во Охрид денес сончево и потопло со мала локална облачност и слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.

– Под влијание на нов влажен и студен бран од утре попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, особено во јужните делови. Ќе дува засилен североисточен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука