јуни 3, 2017

Њујорк, 3. јуни 2017(ОХРИДПРЕС) – Советот за безбедност на Обединети нации синоќа едногласно усвои резолуција за проширување на санкциите кон Северна Кореја.

Санкции ќе бидат воведени против 14 севернокорејски претставници и четири компании, на кои им е воведена забрана за патување и замрзнување на средства.

Ќе биде замрзнат имотот на две трговски фирми, државната банка Корио, како и врз единицата на вооружените сили надлежна за стратешки ракети.

Со новите имиња „црната листата“ има 39 поединци и 42 компании.

Во резолуцијата на Советот за безбедност повторно најостро се осудува ракетната програма на Северна Кореја и развојот на нуклеарно оружје. Резолуцијата ја предложија САД и Кина, а претходно својата согласност ја сигнализираа останатите 13 членки на Советот.

Првите казнени мерки поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја беа воведени од страна на ОН во 2006 година. (Крај)

извор: МИА    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука