Ресен/Битола/Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) –
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште.
Граѓаните од Охрид, кои патуваат кон Битола или Прилеп, се информираат дека сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Од Авто Мото Сојузот на Македонија појаснуваат дека поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сеуште е затворен за сообраќај. Граѓаните кои патуваат до Грција, можат да поминат преку граничните премини Меџитлија и Дојран, кои се отворени. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива