јануари 26, 2017

Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот нуркач и подводен археолог Никола Паскали објави видео со сработеното во текот на минатата година со Нуркачкиот клуб Bottom time на неколку прекрасни локации.

Станува збор за материјали снимени во водите на Охридско Езеро, но и во подводната пештера Врело и во подводната пештера Блиска во Албанија.

– Сите фото и видео материјали се дело на Никола Паскали, Krzysztof Starnawski, Даниел Атанасовски, Игор Петрушевски, Ирена Паскали и Марјан Темовски. Како музичка подлога ја користевме темата „Underwater“ на Mika, а учествуваат тимовите на: Bottom time, Akvatek, Dive Club Vrelo, Krzysztof Starnawski Expedytion, С.К. ЗлатоВрв, Robinson Sunset House, екипа од Љубаништа, но и Дејан Сарнев, Галиа Иванова, Борче и Чатал, вели Паскали, кој е режисер на видеото.

Никола Паскали е роден на 30-ти јули 1987 година во Охрид. Дипломирал на Филозофски Факултет, институт за археологија во 2012 година на тема „Подводни Археолошки Истражувања – Поим и Методологија на Теренска Работа”. Првиот курс за подводна археологија по SSI го завршил во 2009 година, а напредниот курс за подводна археологија го положил во Интернационалниот Центар за Подводна Археологија во Задар, 2014 година. Со нуркање се занимава од 2002 година. Има учествувано во подводните археолошки истражувања на локалитетите: „Заливот на Kоските“ и „Врбник“ во Охридското Езеро, како и на античките бродоломи на локалитетот „Улјева“ во Лижњан, Хрватска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото:Никола Паскали, Bottom Time

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука