април 20, 2022

Охрид, 20. арпил 2022 (ОХРИДПРЕС) – Имате чувство како да сте во изворите кај Св.Наум, а се наоѓате во стариот дел на Охрид… Вака охридски нуркач Никола Паскали од Нуркачкиот центар „Акватек“ го опишува најновото видео од подводните извори во стариот дел на градот, поточно Сараиште.

– Тука водата преку цела година е од 8° до 14°С. Пример во летните месеци кога температурата на водата е 25°С тука останува ладна, максимум 14°С. Кога ќе се раззелени во лето, кога високо ќе се издигнат ресите за капка светлина ова место го викаме „Подводната Шума”. На ова место Џеладин Бег имал изградено Сарај, местото денес викано Долни Сарај, истакна Паскали.

Тој уште еднаш се наврати и на екологијата аплирајќи по којзнае кој пат да ја почитуваме природата бидејќи ние сме дел од неа и да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба.

Нема достапен опис

Покрај промо видеата, Паскали и неговите колеги од Нуркачкиот центар „Акватек“ веќе години наназад спроведуваат редовни ЕКО акции и иницијативи за заштита и чистење на Охридското Езеро, особено на неговото дно од ѓубрето кое секојдневно го фрлаат неодговорни поединци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука