февруари 4, 2015

Охрид, 4. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Учениците од завршните класови, четврта година од СОУ „Свети Климент Охридски“, кои сметаат дека има пропусти во оценувањето на нивните тестови при екстерното полагање, можат да поднесуваат приговори денес и во петок.

Приговорите се поднесуваат од 08:00 до 14:00 часот во просторијата на педагошко-психолошката служба на училиштето.

Приговор на резултатите од екстерното проверување се поднесува со поднесување на пополнет приговор. Приговорот ученикот го пополнува и предава кај педагогот на училиштето.

При приемот на приговорите се врши увид во тестовите со цел да се внесат забелешките на секое прашање за кое сметаат дека се основани. Увидот ќе се спроведува просторијата на педагошко-психолошката служба на училиштето.

Се внесуваат само забелешки кои се основани. Согласно Упатството за постапување по приговорите на резултатите од учениците, од Државниот испитен центар, основани забелешки се оние забелешки кои се однесуваат на технички грешки во задачата кои оневозможиле истата правилно да биде решена од ученикот. Неосновани забелешки се оние забелешки кои се субјективен став (на членовите на Комисијата, наставниците, родителите, учениците или други засегнати субјекти) за постигањата и знаењата на ученикот (во текот на наставата), како и забелешки за изученоста на материјалот, тежината на тестот, психичката состојба на ученикот и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука