октомври 19, 2017

Струга, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – 52-годишниот Б.Н. под закана со нож се обидел да одземе седативи од 48-годишниот И.И. пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга.

Инцидентот се случил во 09:15 часот, кога Б.Н. се обидел да ја спроведе заканата над лицето од струшко Заграчани, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција.

На лице место пристигнале полициски службеници од Полициската станица во Струга. При преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во Полициската станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука