февруари 20, 2015

Софија/Струга, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во новиот број на бугарското интернет списание за литература и култура „Литературен свет“, се објавени и песни на струшкиот автор Петко Шипинкаровски.

Електронското списание „Литературен свет“ од Софија е основано во 2008 година. Во новиот број покрај поезијата на Шипинкаровски, застапена е поезијата на уште еден македонски автор, Зоран Пејковски, дела на бугарски автори Марко Марков, Емил Пенчев… и автори од Русија.

Во изминатите години ова списание објавувало поезија и на други македонски автори, како Јовица Тасевски Етернијан, Никола Маџиров и други.

Што се однесува до делата на Шипинкаровски, тие доживуваат афирмација во повеќе странски списанија и ревии за литература. Минатиот месец во романското списание за култура „Хелис“, беа објавени песни на Петко Шипинкаровски, како и поезија на охридскиот поет Тоде Илиевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука