јули 5, 2024

Струга, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јули 2024 година, во 14:50 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид.

– При преглед извршен во неговото патничко возило со охридски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, МВР. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука