јануари 29, 2015

Доха, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Репрезентациите на Полска-Катар и Франција-Шпанија се полуфиналните парови на 24-то Светско првенство во ракомет.

Полска ја победи Хрватска со 24-22 иако во средината на второто полувреме Хрватите имаа позитива од три гола.Катар со натурализираните ракометари го постигна најголемиот успех во својата ракометна историја со победата од 26-24 над Германија.

Во реприза на финалето од последниот мундијал, бранителот на трофејот Шпанија славеше над Данска со 25-24, а Франција без проблем ја победи Словенија забележувајќи победа од 32-23.

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука