март 17, 2017

Варшава, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полска ќе добие нов аеродром.

Тамошните власти усвоиле план за изградба на нов аеродром надвор од главниот град, кој треба да биде изграден меѓу Варшава и Лоѓ. Се предвидува дека истиот може да стане центар за авиосообраќајот на централна и источна Европа.

Полскиот министер за развој и финансии Матеуш Моравјецки во изјава истакна дека со проектот е предвидено аеродромот да може да пружи услуга за до 50 милиони патници годишно, што е четири пати поголема бројка од прометот на патниците во главниот аеродром во Варшава.

Според плановите аеродромот би требало да биде отворен во 2027/2028 година.(Крај)

извор: МИА  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука