Манчестер, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба денес упати видео порака до малиот Јане Велковски од Македонија, кој боледува од спинална мускулна атрофија.
Погба му се заблагодари на 9-годишниот Јане за позитивната енергија и вети дека наскоро двајцата ќе имаат средба во Манчестер.
„Здраво Јане, се надевам дека си добар. Ти благодарам за позитивната енергија која ми ја даваш и би сакал да те поканам во Манчестер на натпревар на Јунајтед, се гледаме наскоро“, рече Погба. (Крај)
извор: Спортски.мк фото: архива