февруари 10, 2015

Гевгелија, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Зголемениот водостој на реката Вардар предизвика натамошно излевање на надојдените води на крајниот југ од течението, во непосредна близина на Гевгелија.

Водостојот во долното течение на Вардар, според УХР, достигна до максималните 750 мі/с, што предизвика локални излевања. Покрај поплавените земјоделски површини кај Мрзенци, зголемениот водостој на Вардар предизвика и поплавување на источното крајбрежје, во непосредна близина на македонско-грчката граница кај Милци.

Под вода се мото крос патеката и околното земјиште, каде што вообичаено при зголемен водостој на Вардар доаѓа до излевање. Синоќа беше поплавена и платформата на дискотеката Де факто, која се наоѓа на источниот дел од крајбрежјето и тоа над самата река.

Во Општинскиот штаб за заштита и спасување објаснуваат дека состојбата постојано се следи, но, засега не се очекуваат приширување на поплавениот појас ма крајбрежјето, главно, со земјоделски култури. На другите речни крајбрежја и одводни канали во општина Гевгелија нема проблеми, бидејќи планинските води кои придонесоа надојдување на Серменинска и Мрзенска река веќе се повлекоа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука