февруари 1, 2015

Струга, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Обилните врнежи од дожд и снег кои изминатиов период го зафатија охридско-струшкиот регион предизвикаа поплави во повеќе населени места.

Според последните информации, поплавени се имоти и куќи во селата Мислешево и Мороишта.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека попладне ќе има делумно разведрување, врнежите ќе бидат поретки и ќе дува засилен, повремено силен (над 70км/час) југозападен ветер. (Крај)

извор: Тв Спектра фото: Тв Спектра

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука