март 5, 2020

Скопје, 5. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) денес го одржа вториот состанок на координативното тело формирано за превенција од последиците на Корона вирусот.

Покрај АППТ, Стопанските комори и Асоцијациите за туризам присуствуваа и претставници на министерството за транспорт и пазарната инспекција на Република Македонија со цел координација на сите активности и превенција на последиците од Корона вирусот.

Image may contain: 3 people, people sitting, table and indoor

– На состанокот на координативното тело се разгледаа извештаите од стопанските комори за туризам со цел утврдување на веќе настанатите штети на приватниот сектор кои претежно се резултат на соработката со ниско-буџетната компанија „Визер“, последиците од откажувањето и препораката на државата за избегнување на патување во северниот дел на Италија. Информациите за штети кои стопанските комори ги сумираа од своите членки даваат бројка од околу 3 милиони денари и истите се поради закуп на авионски билети. Дополнително, координативното тело ги анализираше движењата на пазарот и констатираше дека нема големи откажувања од странските туроператори, туку дека поголемиот број на семинари, конференции и други аранжмани, претежно индивидуални, се на ниво на град Скопје како туристичка дестинација. Дел од заложбите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Министерството за Економија е да и’ се препорача на Владата на Република Македонија, семинарите коишто се од страна на државната администрација, во текот на 2020 година стриктно да бидат организирани во земајата и дополнително средношколските екскурзии до месец септември да бидат организирани дома, односно, да има мораториум за патување во странство, информираат од Агенцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука