јануари 29, 2017

Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првата македонска лига започна со големи проблеми поради големата „војна” која ја водат клубовите со првиот човек во федерацијата, Петар Наумоски, но по се изгледа се изгледа истата се уште трае.

Нова „епизода” овој пат имаше во Куманово каде истоимениот тим е суспендиран од страна на Македонската кошаркарска федерација поради неисплатени долгови, при што не го одигра предвидениот дуел со екипата на АВ Охрид, кој требаше да стартува вчера од 19:00 часот во рамки на десетото коло од Првата лига.

Кумановци претходно најави дека нема намера да ги подмири долговите за лиценци на странските кошаркари, порави високата цена која ја воведе првиот човек, Петар Наумоски. До сега со вакви суспензии се соочија Карпош соколи, Струмица и Кожув.

Според тоа, Куманово се соочува да биде исфрлен од лигата доколку забележи два службени пораза. (Крај)

извор: Вечер фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука