декември 14, 2021

Скопје, 14. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Минатата недела регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи на COVID–19 од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на неделата претходно.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Со статус оздравени се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела.
Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходниот извештај.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 427 лица, од кои 247 се на кислородна поддршка и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 219.490, оздравени се 206.211, починаа 7.740, а има 5.539 активни случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука