Лондон, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Руската оперска ѕвезда, Дмитри Хворостовски почина синоќа на 55 годишна возраст.
Хворостовски во 2013 година настапи на свеченото отворање на Охридско лето, во Античкиот театар.
– Фестивалот Охридско Лето жали за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски, кој ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на Охридско лето. Големите личности секогаш имале посебно место на сцената на Охридско лето. Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на Охридското лето во 2013 година, одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар. Во Охрид пристигна заедно со синот Максим. Уживаше во секој миг додека престојуваше во градот. Воодушевен од прекрасниот поглед на езерото, рече дека глетката е доволна за да се чуствува како во рајот. Не ми треба ништо друго. Доволно е ова место за да ја имам врската со Бога, рече стогаш лавниот уметник. Нека му е вечна слава, велат од дирекцијата на фестивалот.
На баритонот во 2015 година му беше дијагностициран тумор на мозок, а во 2016 година се повлече од сцената. Последен пат настапи годинава во јуни, на фестивал во Австрија.
Неговиот портпарол соопшти дека починал опкружен од семејството, во неговиот дом во Лондон.
Хворостовски беше еден од најпопуларните оперски ѕвезди, кој настапуваше на најголемите светски сцени и со најпознатите солисти и диригенти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива