јуни 4, 2018

Охрид, 4. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска почнуваат Петровденските пости кои ќе траат до Петровден.

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.

Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха.

Тој започнува во понеделникот на сите Светии, чија дата може да се менува, а завршува на 12-ти јули. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.

Во понеделник, среда и петок се пости без масло, во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела се дозволува риба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука