октомври 7, 2019

Стокхолм, 7. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за медицина денеска почнува неделата на Нобелови награди.

Името на добитникот на Нобелова награда за медицина ќе биде соопштено денеска околу пладне во Стокхолм. Утре ќе биде соопштен добитникот на наградата за физика, во среда за хемија, во четврток за литература, и добитникот на Нобелова награда за економија ќе биде соопштен во понеделник.

Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг.

Шефот на Институтот за истражување на мирот во Осло Хенрик Урдал изјави дека е „сосема неверојатно„ 16-годишната активистка да ја освои наградата, додавајќи дека нејзината возраст работи против неа. Најмладиот лауреат на Нобелова награда за мир е Малала Јосафзај, која ја доби наградата во 2014 година на 17-годишна возраст.

Еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.

Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра). (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука