По пауза од 10 години Ѓоковиќ повеќе нема да биде дел од ТОП 10 на АТП

Лондон,3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Некогашниот најдобар рекет на планетата, Новак Ѓоковиќ, од следниот понеделник првпат по март 2007 година нема да биде меѓу најдобрите 10 тенисери на АТП ранг-листата.

Ѓоковиќ од ТОП 10 го исфрли Хуан Мартин дел Потро, откако Аргентинецот со победата на Хасе од Холандија обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Париз и ги собра потребните поени, за повторно да се врати во елитата на светски тенис.

Популарниот Ноле на тениските терени е отсутен уште од Вимблдон, кога поради повреда го предаде мечот со Томаш Бердих, а по неколку дена најави дека за него натпреварувачката сезона е завршена.

Според последните информации, Србинот на тенискиот терен ќе се врати на крајот на оваа година, кога ќе биде дел од егзибициониот турнир во Абу Даби. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

scroll to top