август 3, 2019

Струга, 3. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Петта година по ред, во организација на задружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка на општина Струга и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи манифестацијата „Саем на мед 2019“.

Освен мед, ќе бидат понудени и млеч, восок, полен, како и други производи и препарати кои се користат во пчеларството. Своите пчелни производи ќе ги презентираат пчелари од Струга, Охрид, Битола, Кичево, Кочани, Македонски брод и други градови, а ќе има гости и од Албанија и Србија.

Манифестацијата ќе се одржи од денес до 5-ти август, на плоштадот на револуцијата во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука