март 2, 2015

Њујорк, 02. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – САД се соочува со нов снежен пекол.

Американските авиокомпании откажаа над 1 600 летови од аеродромите на североистокот на САД заради петтата снежна бура за оваа зимска сезона. Доцнења имаше на 5000 летови. Најмногу беше нарушена работата на аеродромите во Њујорк и Филаделфија.

Во Далас поради снегот беа откажани 1 500 летови. Во Тексас поради лошото време 40 автомобили се судрија на автопатот, а во Мисури – 30 автомобили се судрија во верижна сообраќајка.

Според синоптичарите лошото време ќе се задржи до вторник.

Досега во САД од ниските температури загинаа 23 лица. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука