февруари 1, 2018

Загора, 1. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првпат во последните 50 години падна снег во јуниот дел на Мароко.

Метеоролошката служба на Мароко соопшти дека снегот падна во близина на Загора и оти е последица на студен бран.

Во Загора падна од пет до осум сантиметри снег.

На почетокот од јануари годинава во најтоплата пустина во светот, Сахара падна снег. Феноменот е последица на студениот бран, што најмногу го погоди градот Аин Сефра, северен Алжир. Температурата во градот се спушти до минус 10 степени Целзиусови. (Крај)

извор: МИА фото: Twitter

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука