мај 17, 2021

Хонг Конг, 17. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Најстариот диџеј на светот, 96-годишниот Реј Кордеиро, го одработи своето последно радио шоу. Тој беше водител повеќе од седум децении, објави „Би-Би-Си“.

Реј Кордеиро им се заблагодари на слушателите и ја заврши својата емисија „All The Way With Ray on Saturday Night“

– Па тоа е тоа. Ви благодарам многу што ја вклучивте програмата, збогум, ви благодарам што дојдовте“, рече диџејот, познат како вујко Реј.

A 96 anni si ritira Ray Cordeiro, il dj più vecchio del mondo: l'ultimo disco è di Bocelli- Corriere.it

Неговата програма се емитуваше на јавниот сервис во Хонг Конг од 1970 година. Тој е познат по својот баритон, капа и најслушани плејлисти, а во 2000 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како диџеј со најдолг стаж во светот.

Кордеиро, кој е роден во Хонг Конг и има португалско потекло, во неодамнешното интервју истакна дека тој е „најсреќниот човек на светот“ затоа што ужива во својата работа.

Во својата живописна 72-годишна кариера, тој се сретнал со некои од најголемите ѕвезди како Битлси, Клиф Ричард и Тони Бенет. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука